Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ осврнувајќи се на актуелната ситуација со Ковид пандемијата велат дека во државата има се помалку слободни кревети во болниците.
Наспроти ова додаваат од партијата, Филипче наместо да ги зголеми болничките капацитети, брка провизии.
Од таму реагираат дека власта немам никаков план како ќе се справи со новиот бран на заразени со коронавирус.
„Една година сме во состојба на пандемија, а Филипче и Заев немаат ниту една нова инвестиција во здравството. Филипче и Заев ја преспаа цела пандемија и системот е оставен само од себе да се справува, без никаква помош. Нема никаков кризен менаџмент, ниту пак план за излез од кризата. Пандемијата нема сама од себе да стивне, а Заев и Филипче ако не се способни да направат нешто требаше да си дадат оставки уште вчера“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека нема време за импровизации и дека е потребен одговорен пристап и сериозни политики.