ВМРО-ДПМНЕ со критики за СДСМ и Филипче дека водат андидржавна политика

ВМРО-ДПМНЕ со критики за СДСМ и Филипче дека водат андидржавна политика

пред 2 часа

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, поради, како што наведуваат, сервилни и поданички политики, доживеала сериозен пад на поддршката и се свела на околу 130 илјади гласа.

Од партијата тврдат дека СДСМ и во време кога била на власт, но и сега од опозиција, продолжува да спроведува антидржавна политика, под влијание на Венко Филипче, Зоран Заев и нивниот, како што велат, советник Зоран Башановиќ.

„Поданичкиот однос и коленичењето спрема одредени наши соседи и уважување на сите нивните барања, на сметка на интересите на Македонија, е антидржавна политика која ја има и во статутот на СДС. Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку ПР стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се наведува дека ваквиот пристап ја довел партијата во ќорсокак и ја претворил во „прокси партија“, која, според ВМРО-ДПМНЕ, работи спротивно на државните интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека поради овие политики рејтингот на СДСМ и на Филипче е значително намален и дека партијата не извлекла поука од изборните порази.

Партијата додава дека СДСМ продолжува да делува антидржавно, и покрај, како што велат, пораките што ги добила од граѓаните на изборите.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ со критики за СДСМ и Филипче дека водат андидржавна политика е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top