ВМРО-ДПМНЕ: Филипче води лажна проевропска агенда и тоне во сервилност

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче води лажна проевропска агенда и тоне во сервилност

пред 4 часа

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, води „лажна проевропска агенда“ и дека нема план ниту стратегија за државата и партијата.

Од партијата велат дека Филипче со престојот во Рим за време на продолжениот викенд за 1 Мај покажал дека личните интереси му се приоритет пред граѓаните, обвинувајќи го и за избегнување соочување на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче „тоне во сервилност“ и е подготвен на отстапки за националните интереси за да дојде на власт.

Во соопштението партијата дополнително тврди дека Филипче и СДСМ само декларативно се залагаат за европски вредности, додека во пракса делуваат спротивно на нив.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Филипче води лажна проевропска агенда и тоне во сервилност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top