ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стручната фела ја множи со нула

пред 3 години

Министерот Венко Филипче стручната фела ја множи со нула, како да не постои, а не пак да се заинтересира да ги праша, слушне и преземе соодветни мерки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска беа најавени нови рестриктивни мерки, со цел заштита од коронавирусот.

„Наместо стимулативни мерки, Филипче продолжува со закани и уцени кон граѓаните. Стручната јавност јасно му вели така не се зголемува број на вакцинирано население, така не се постигнува заштита, но очигледно воопшто не му е гајле“, стои во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, министерот Филипче само ја слуша, како што велат, политичката комисија и си ги брка личните и интереси на Заев.

Share
Scroll to Top