ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи надзорна расправа за работата на Лидија Димова

пред 4 години

По завршување на дебатата поврзана со ребалансот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи надзорна расправа за работата на Лидија Димова во Националната агенција.

Ова го истакна првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на граѓаните во живо на Фејсбук. Тој рече дека Димова е зрела за кривична одговорност пред законите за злоупотребите во националната агенција.

„Јас би рекол дека Лидија Димова не е зрела за оставка, туку е зрела за кривична одговорност и пријава поради злоупотреба на службена должност. Ценам дека Лидија Димова со сите оние злоупотреби кои ги направи во агенцијата, не треба да се бара оставка туку веднаш детална истрага од страна на обвинителството за начинот на кои се делеле тие средства и дали ја оправдале целта и намената за која биле трошени“, потенцираше Мицкоски.

Share
Scroll to Top