ВМРО-Народна: Покажувањето на карти на „Голема Бугарија“ ги поништува договорите за добрососедство меѓу двете земји

пред 4 години

ВМРО-Народна партија најостро реагира на мафтањето со карти на „Голема Бугарија“ во која се искажани територијални претензии кон Северна Македонија.

„ Сметаме дека покажувањто на вакви карти за жал директно ги поништуваат сите договори потпишани помеѓу двете држави за добрососедство.

Во таа насока, жалиме што се потврдува дека некои политички партии кај нашиот источен сосед веќе неколку месеци на груб начин го инструментализираат македонското прашање во строго партиско-изборни цели, кои пак за жал овие политичари не гледаат дека со ваквите постапки нанесуваат трајни последици помеѓу двете држави и емоцијата на двата народи“ се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top