Внимавајте на сонце, денес многу топло со температури до 39 степени

Внимавајте на сонце, денес многу топло со температури до 39 степени

пред 4 месеци

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне и 40 степени.

Текстот Внимавајте на сонце, денес многу топло со температури до 39 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top