Во возило „сканиа“ откриени мигранти од Либија

пред 4 години

Вчера во 14.00 часот во полициската станица за Граничен премин „Богородица“ било пријавено дека на Царинскиот терминал биле откриени илегални мигранти во товарно моторно возило „сканиа”, со гевгелиски регистарски ознаки, натоварено и пломбирано, а управувано од Р.Ш.(29) од Богданци.

По преземените мерки во приколката биле откриени пет лица мигранти од Либија и било констатирано дека церадата била пресечена.

Според информации од МВР, по извршениот разговор со возачот и мигрантите, на возачот со возилото му бил дозволен влез во државата, додека мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија за понатамошна постапка.

Share
Scroll to Top