Во Глумово приведен дилер кој треба да издржи двегодишна затворска казна

пред 3 години

Во скопското село Глумово, интервентна полиција при СВР Скопје, денеска, врз основа на судска наредба, го привела Б.Љ.(37) за издржување казна затвор од две години.

Како што информираат од МВР, 37-годишникот е осуден за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Тој веднаш ќе биде предаден на казнено поправната установа во која треба да ја издржува казната.

Share
Scroll to Top