Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК

пред 3 недели

Во повеќето општини низ Македонија, во моментот во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија.

Иако засега се обработени мал број од гласовите, мапата е обоена во портокалова боја.

ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласи победа во Штип, Охрид, Кисела Вода, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Бутел, Аеродром, Велес и други општини. Партијата очекува повеќе градоначалници од претходните локални избори во 2021 година.

Според информациите на ДИК, во Куманово во водство е кандидатот од ЗНАМ, Максим Димитриевски, а СДСМ засега води во Центар, Крива Паланка и уште неколку општини.

ЛИНК до обработените гласови.

Текстот Во повеќето општини низ Македонија во водство се кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, според податоците на ДИК е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top