Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва има 35 години.
Другите починати се на возраст од 82,62, 90 и 77 години.
Изминатото деноноќие оздравеле 75 луѓе, а бројот на активни случаи надмина 4.000 и изнесува 4.138.
Најмногу активни случаи има во општината Аеродром – 760, Карпош – 610 и во Центар – 573. Над 500 случаи се уште има во Гази Баба (543) и Кисела Вода (510).