Во тек е конкурсот за наградата „Жан Моне“ за новинари и фоторепортери

пред 4 години

Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го објавуваат конкурсот за 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”.

Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во 3 натпреварувачки категории:

Најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиуми, телевизија, радио и/или на интернет);

Најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет);

Најдобра аматерска фотографија.

1. Конкурс за најдобра новинарска сторија

Во оваа категорија може да учествуваат стории коишто се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, а чиишто автори се новинари од државата. Сториите треба да бидат објавени во домашни весници, списанија, телевизии, радио или на веб-страници, во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година.

Сториите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Да се однесуваат на темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”; Да се објавени во периодот меѓу 1 јануари 2020 и 31 декември 2020 година; Да се потпишани со вистинското име на авторот.

Копии од новинарските стории во дигитален ПДФ формат (видео фајл за ТВ и радио), заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

2.Конкурс за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет)

Конкурсот е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од државата, кои може да поднесат до три (3) фотографии на тема „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”, објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Да бидат поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”;

Да се објавени во периодот од 1 јануари 2020 до 31 декември 2020 година;

Да не се користени за комерцијални цели.

Копии од фотографијата/фотографиите во дигитален формат (големината на секоја фотографија треба да биде 3-5 MB), заедно со изјава во писмена форма и потпишана од авторот со која гарантира дека таа/тој е автор на фотографијата, треба да се испратат на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот.

Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: статуетка, диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра.

3.Конкурс за најдобра аматерска фотографија

Конкурсот е отворен за сите фотографи аматери од државата кои може да достават една фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“. Фотографиите кои се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора, да биле претходно објавени.

Фотографиите треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

Да се однесуваат на темата „Заедницата – тоа сме ние“; Да не се користени за комерцијални цели.

Кандидатите за оваа категорија треба да ги испратат своите пријави на следнава електронска адреса: [email protected], најдоцна до 11 април 2021 година, до 18.00 часот. Секој кандидат може да испрати по една (1) фотографија (големина на фотографијата 3-5 MB), како и да гарантира дека тој/таа е автор на фотографијата со испраќање изјава во писмена форма на истата електронска адреса. Секој/а од пријавените ќе добие потврда за прием по електронска пошта од страна на Europe House Скопје.

Награда: диплома и ваучер за техничка опрема во вредност од 500 евра.

Забелешка: Оваа активност е организирана во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Делегацијата на Европската Унија нема да се смета за одговорна за каква било законска обврска што произлегува од какви било спорови околу авторските права, за кои исклучиво е одговорен пријавениот натпреварувач. Делегацијата на Европската Унија го задржува правото да ја поништи квалификацијата на пријавената творба околу која се спори и да ја повлече доделената награда и паричната награда. Оваа активност не ги одразува ставовите на Европската Унија.

Дополнителни информации­­­

За добитниците на наградите ќе решава жири комисија составена од пет члена. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 април 2021 година.

Share
Scroll to Top