Возач изгубил контрола и удрил во бандера, повредени две лица

пред 4 години

Дваесет и едногодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 11 часот на бул.„Словенија“, кога А.Н.(28) од Скопје, со возило „рено твинго“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top