(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

пред 1 година

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на „Тик-ток“.

Видеото ги вознемири корисниците на социјалните мрежи во земјава, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.

Според информациите од полицијата за „Макфакс“ постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица по споделувањето на снимкта.

Се очекува СВР Струмица да излезе со сите детали во текот на утрешниот ден.

Текстот (Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top