Волови од Македонија ја преминале бугарската граница, неизвесно е што ќе се случува со нив

Волови од Македонија ја преминале бугарската граница, неизвесно е што ќе се случува со нив

пред 3 часа

Бугарските институции одлучуваат за шест волови што ја преминаа границата од Македонија во близина на ќустендилското село Ѓуешево пред неколку дена.

Животните биле заловени и сместени во привремен објект за одгледување животни на Општината, сè додека комисија од овластени бугарски и македонски служби не одлучи како да се постапи во овој случај, јавува „БНР.бг“.

Животните биле забележани на земјиштето на селото Ѓуешево, а градоначалничката Татјана Георгиева ги пријавила во Општината. Тие биле заловени и транспортирани во привремен објект за добиток. Отсега, Регионалната комисија за контрола на храната, граничните и општинските власти ќе одлучат што да прават со нив.

Медиумот потсетува на случај од пред години, кравата Пенка ги прекршила граничните ограничувања влегувајќи од Србија во близина на ќустендилското село Олтоманци. Според европските прописи, по влегувањето од земја надвор од ЕУ, таа морала да биде убиена. Тоа станало меѓународен проблем – на крајот, кравата била поштедена, а сопственикот од селото Копиловци со години се грижи за неа во своето стадо.

Текстот Волови од Македонија ја преминале бугарската граница, неизвесно е што ќе се случува со нив е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top