Вонредни ученици во Куманово полагале испити од наредната година без да ја имаат завршено претходната, кривична за директорот

Вонредни ученици во Куманово полагале испити од наредната година без да ја имаат завршено претходната, кривична за директорот

пред 5 часа

Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и назначен да извршува дополнителни работи-водење на вонредни испити од 01.09.2023 до 31.08.2024 овозможиле вонредните ученици да пријавуваат и полагаат испити од наредна година без да ја имаат завршено претходната година и без да достават потврди за следење на феријалната пракса, при што овозможиле и испитната комисија да спроведе полагање на два вонредни испита во ист ден за четири вонредни ученици.

Текстот Вонредни ученици во Куманово полагале испити од наредната година без да ја имаат завршено претходната, кривична за директорот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top