Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште еднаш се докажало дека Европскиот фронт предводен од ДУИ нема капацитет и кредибилитет да спроведе демократски избори.
„Државната изборна комисија, постапувајќи врз основа на приговорите на коалицијата ‘Вреди’, поднесени за некои избирачки места во Шестата изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилности, и тоа: на избирачкото место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите што го искористиле своето право на глас, на избирачкото место 0387 Гостивар и избирачкото место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт“, истакна портпаролот на Движењето Беса, Фатмир Сабриу.
Како што додаде, со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Вели дека ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите.
Текстот „Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите е превземен од МАКФАКС.