Времето утре – сончево и топло со температура до 36 степени, од среда најавен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето утре – сончево и топло со температура до 36 степени, од среда најавен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

пред 4 часа

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Времето во наредните денови
Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Текстот Времето утре – сончево и топло со температура до 36 степени, од среда најавен пороен дожд, грмежи и засилен ветер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top