Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

пред 3 часа

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Текстот Времето утре – сончево со мала облачност, температурата до 35 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top