Гаши на средба со амбасадорот на Кореја

Гаши на средба со амбасадорот на Кореја

пред 8 часа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес го прими амбасадорот на Кореја во Скопје, Н.Е. Ким Донгбае. На средбата учествуваа и пратениците Оливер Спасовски, Бобан Карапејовски и Арбана Пашоли, членови на делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ).

Главна тема на средбата беше кандидатурата на Република Кореја, која за генерален секретар на ИПУ го кандидира Сангсу Џун.

Претседателот Гаши ги повика на средба пратениците, членови на Управниот совет на ИПУ, имајќи предвид дека тие ќе учествуваат во гласањето за избор на нов генерален секретар на организацијата, кое ќе се одржи на 19 април 2026 година, во рамки на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул.

Во таа насока, беше истакнато дека Собранието ќе го земе предвид секој кандидат за генерален секретар на ИПУ со должно внимание и врз основа на темелно разработен став, при што беше подвлечено дека иднината на организацијата зависи и од тоа колку нејзиното раководство ги препознава и застапува интересите на помалите и средните парламенти.

Соговорниците разговараа и за можностите за подобрување на билатералните парламентарни односи.

На крајот на средбата беше изразена заедничка определба за продлабочување на парламентарната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Кореја, на билатерален и мултилатерален план, особено во рамките на Интерпарламентарната унија.

Текстот Гаши на средба со амбасадорот на Кореја е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top