Гаши-Хаџиев:  разменети мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка

Гаши-Хаџиев: разменети мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка

пред 2 часа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска го прими генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), Асаф Хаџиев.

На средбата, претседателот Гаши рече дека неговата посета претставува значајна можност за продлабочување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и организацијата. Притоа, беше посочено дека членството на Собранието во ПАБСЕК се смета за важна стратешка определба на државата, која придонесува за зајакнување на регионалниот парламентарен дијалог и соработка.

Соговорниците разменија мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка.

Претседателот Гаши ја потврди подготвеноста на Собранието и понатаму активно да придонесува во работата на ПАБСЕК и ја истакна определбата на Северна Македонија за унапредување на парламентарната соработка, економскиот развој и правните реформи во регионот. Соговорниците се согласија дека постои простор за понатамошно унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и ПАБСЕК.

Текстот Гаши-Хаџиев: разменети мислења за тековните активности на ПАБСЕК и за актуелните предизвици и перспективи на регионалната соработка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top