Советниците на Општина Центар на четвртата седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7. 000 на 10. 000 денари.
„Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски.
Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.
Со оваа одлука, локалната самоуправа уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети, соопштија од општината.
Текстот Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7. 000 на 10. 000 денари е превземен од МАКФАКС.






