Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.
„Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Згрижени се 116 деца во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, каде го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности прилагодени на нивната возраст.
Општина Центар останува единствената локална самоуправа во државата која организира ваков тип летно згрижување за деца од училишна возраст, со цел да да обезбеди континуирана грижа за семејствата и во летниот период, соопшти Општината.
Текстот Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките, единствена општина во државата со ваква мерка е превземен од МАКФАКС.





