Помеѓу 134 земји, Македонија се наоѓа на 125. место на најбезбедни земји во светот, според листата на магазинот „Глобал фајнанс“.
Споредбено со балканските држави, зад нас е само Босна и Херцеговина која се наоѓа на 130 место, а подобро рангирани се Србија (34 место), Словенија (47), Романија (51), Грција (58), Албанија (63), Хрватска (74), Бугарија (114), Црна Гора (121).
Проценката на безбедноста во земјата зема предвид три основни фактори – војна и мир, лична безбедност и ризик од природни катастрофи, вклучувајќи ги и факторите на ризик што произлегуваат од Ковид-19.
Секој од овие фактори се заснова на извештаите за 2020 година, направени во 2021 година.
Најдобро рангираните држави се во Европа и Азија.
Во првата десетка се наоѓаат: Исланд, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Сингапур, Финска, Монголија, Норвешка, Данска, Канада и Нов Зеланд.
Филипините се на последното 134-то место.