Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи до крајот на неделава очекува да биде готово предлог – решението што треба да ги намали платите на функционерите. Објасни дека предлогот се уште не е готов оти не бил тука министерот за информатичко општество.
„Предлогот сè уште не е готов, министерот за информатичко општество не беше во државата овие денови. Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на месецот ноември затоа што секако ќе изискува законски измени кои понатаму треба да поминат во Собрание“, рече вицепремиерот Битиќи.
Минатата недела пак, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска рече дека решение за намалување на платите на функционерите ќе се одбере до крајот на годината.
Пари за зголемените функционерски плати не се испланирани во буџетот за 2024 година кој изнесува 5,5 милијарди денари.
Текстот Го нема намалувањето на функционерските плати оти министерот Азир Алиу не бил во државава деновиве, рече Битиќи е превземен од МАКФАКС.