Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена

Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена

пред 4 часа

Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови.

Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.

Текстот Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција за наредните неколку дена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top