Градиме економија што создава, а не само троши, порача Мицкоски од Виена

Градиме економија што создава, а не само троши, порача Мицкоски од Виена

пред 2 часа

„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води“. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување.
Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок, истакна премиерот Христијан Мицкоски во Виена.

Во своето обраќање, тој упати порака дека Владата е насочена кон создавање економија што произведува вредност, а не само троши.

„Да градиме економија што создава, а не само троши. Да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност. Да градиме систем во кој работата се исплати, а довербата има вредност.
Инвестициите ги гледаме како двигател на промените. Австрија е еден од ретките партнери со кои таа визија може да се претвори во реалност. Не единствено поради економското присуство, туку и поради конзистентноста, сериозноста и разбирањето на регионот“, кажа Мицкоски.

Сакаме, нагласи Мицкоски, соработката со Австрија да ја подигнеме на повисоко ниво.

„Ни треба Европа што не чека, туку дејствува. Европа што не се двоуми, туку одлучува.
Европа што не се плаши од конкуренција, туку ја создава. Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби.

Европа нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни.

Европа нема да биде конкурентна ако нејзините економии не растат заедно.

Затоа ова е прашање на билатерална соработка. Подготвени сме да испорачаме резултати.

И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација.

Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат“, потенцира Мицкоски.

Текстот Градиме економија што создава, а не само троши, порача Мицкоски од Виена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top