Градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани, оствари средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, Никол Варнес.
Како што соопштуваат од Општината, во фокусот на разговорите било продлабочувањето на соработката меѓу локалната власт и меѓународните партнери, со посебен акцент на процесот на децентрализација, зајакнувањето на општините и зголемувањето на институционалните капацитети на локално ниво. Страните разговараа и за конкретна поддршка преку развојни проекти, кои имаат за цел директно подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

За време на средбата беше истакнато дека поддршката од Соединетите Американски Држави останува клучна за Северна Македонија, особено во насока на зајакнување на демократските институции, унапредување на реформите и забрзување на интегративните процеси на земјата, се додава во соопштението.
Текстот Градоначалникот Лимани ја пречека амбасадорката на САД во Гостивар е превземен од МАКФАКС.





