Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот

пред 5 часа

Уставниот суд на Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.

Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци.

Посочуваат дека средбите претставуваат можност граѓаните одблизу да се запознаат со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите.

За учество, заинтересираните можат да се пријават на електронската адреса [email protected], а за дополнителни прашања на располагање е и телефонскиот број +389 2 322 3626, се наведува во соопштението.

Текстот Граѓаните може да го видат работењето на Уставниот суд одблизу секој прв четврток во месецот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top