Грк пријавил дека бил натепан во Центар, од маж со кој направил сообраќајка

пред 3 години

Х.Т.(30) од Република Грција, со престојувалиште во Скопје, пријавил во полицијата физички напад.

„Околу 09.35 часот на крстосница на подрачјето на Центар, додека управувал возило, бил удрен од друго возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, по што возачот излегол и физички го нападнал“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top