Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работна средба со Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Вицепремиерката Грковска се заблагодари за помошта и поддршката што УНДП во континуитет ѝ ја дава на Северна Македонија.
Нагласи дека од големо значење се советите и препораките на експертите и нивните искуства во делот на дигитализација на јавните услуги, но и во креирањето на политики кои ќе понудат долгорочни и одржливи системски решенија.
Бојаниќ изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.