Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби денеска присуствуваше на дискусијата на тема „Културата 20 години по Охридскиот договор”, во рамките на одбележувањето на 20 -годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Во својот говор пред присутните, Груби даде посебен акцент на развојот на културата во земјата и формирањето на нови институции во текот на последните 20 години.
„Различноста има две крајности и можности, првата може да биде извор на конфликт, а втората извор на кохезија, а тоа е токму она што го направи Охридскиот договор со трансформирање од извор на конфликт, во извор на социјална кохезија, преку обезбедување еднаквост меѓу заедниците. Еднаквост на сите граѓани пред законот, но и во обврските пред државата и најдобро – овој резултат е од Охридскиот договор. Проценувам дека можеме тоа да го видиме и во културата, бидејќи е еден од клучните столбови на Охридскиот договор, вклучувајќи ја и децентрализацијата и користењето на симболи и јазик, како и правична и соосдветна застапеност во институциите на земјата“, нагласи Груби.