Грчките гранични служби го отворија преминот „Евзони“ за македонски граѓани

пред 3 години

Од 13 часот е започнато да се пропуштаат возила кон Грција, на граничниот премин „Евзони”.

По застојот кон настана изутринава поради тоа што граничните служби не добија известување дека е дозволен влез во земјата на странски државјани, тамошните власти го известија македонското Министерство за внатрешни работи дека проблемот е надминат, а влезот е непречен.

Граѓаните кои ќе патуваат во Грција, ќе треба да пополнат и електронски формулар, пред да ја поминат границата.

„Денеска од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети земји и граѓани од Република Северна Македонија преку ГП ‘Евзони’. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ, од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку ‘Евзони’ со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или Сертификат за примени две дози вакцини (14 денови поминати од втората доза вакцина), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ”, велат од МВР.

Оваа мерка ќе се применува до 24.05.2021 година (понеделник), при што граѓаните ќе може да остварат влез во периодот од 07.00 до 23.00 часот (по грчко време), или од 06.00 до 22 часот (по наше време), a за излез од Грција нема ограничувања и ГП Евзони ќе работи 24 часа.

Претходно, најголем дел од граѓаните кои утринава чекаа на границата се вратија дома, а откако граничните службеници кажаа дека дозвола од Атина за пуштање на странци во Грција ќе добијат доцна вечерва или изутрина.

Share
Scroll to Top