Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 3 се под контрола, а 13 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се два пожари, во општина Долнени – село Црнилиште и село Долгаец (гори нискостеблеста вегетација) и во општина Липково – село Никуштак (гори мешана шума);
Под контрола се три пожари: oпштина Гевгелија – планината Кожуф (приземен пожар); oпштина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума) и општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште);
Како што информираше ЦУК изгаснати се 13 пожари на отворен простор.
Текстот Два активни пожари на територијата на Македонија, три се под контрола е превземен од МАКФАКС.