Двајца Косовци од автомобил во Скопје украле штотуку купен телефон

пред 3 години

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца државјани на Косово за кривично дело – тешка кражба.

Како соизвршители, двајцата косовски државјани на возраст од 37 и 41 година влегле на територијата на државава преку граничниот премин Блаце на 19 април, по што со автомобилот се паркирале на паркинг простор пред маркет на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Излегле од возилото и забележале како еден оштетен го паркира својот автомобил „ауди А6“ на истиот паркинг. Кога оштетениот го заклучувал неговото возило со далечински управувач, еден од обвинетите со пресретнувач го блокирал сигналот на уредот за електронско заклучување.

Откако сопственикот се оддалечил, обвинетите го отвориле возилото и од преградата одзеле нов неупотребен мобилен телефон во кутија, вреден 90.000 денари.

Потоа истиот ден ја напуштиле македонската територија.​​

Share
Scroll to Top