Полицијата уапсила две малолетни лица од Скопје поради тешка кражба во возило.
Од МВР информираат дека на 19.07.2021, ЕВР Аеродром и Драчево приведе двајца малолетници од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршиле тешка кражба во возило.
Со нив бил извршен службен разговор, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесено соодветна пријава, велат надлежните.