Двајца повредени во сообраќајка во тетовско

пред 3 години

Две лица се тешко повредени откако со возило излетале од патот с.Сиричино-с.Желино. Како што информираат од МВР, Т.К.(28) од с.Туденце, изгубил контрола и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и сопатничката М.К.(30) од с.Туденце, констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Share
Scroll to Top