Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според информациите од МВР, вчера пред наплатната станица Сопот, автомобил „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.В.(38) од Неготино, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот.
Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.