Преписката со соопштенија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжи со одговор од СДСМ на повикот од ВМРО ДПМНЕ да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на „Дака“ во Тетово.
„Граѓаните секојдневно се соочуваат со сè повисоки цени и празни фрижидери.
Јајцата и јагнешкото месо се прескапи, трпезите пред Велигден се поскромни од кога било, а семејствата едвај врзуваат крај со крај. Наместо конкретни мерки за намалување на цените и заштита на стандардот, ВМРО ОКГ нуди – дефокус, сега со Дака.
Сите знаат дека Божиновска ја стави фирмата на Дака во бизнис план за енергетика на Владата на Мицкоски. И ВМРО ОКГ и Николовски за Дака велат дека ’исполнети се сите услови’ – и тоа за човек кој е на црна листа на САД и за кој постојат сомнежи за врски со руски структури.
Нема бегање сега со измислици.
Дефокусот со Дака не го полни празниот фрижидер, не ги полни трпезите и празните џебови“, стои во соопштението од СДСМ.
Текстот Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер, одговори СДСМ на повикот од ВМРО-ДПМНЕ да кажат за провизиите е превземен од МАКФАКС.






