Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со новиот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун.
„Континуираната поддршка од Фондацијата ‘Конрад Аденауер’ за евроинтеграциските процеси, која вклучува и промовирање на политички дијалог и развојот на граѓанското општество трае веќе 2 децении, а за успешната соработка сведочат бројните проекти зад нас кои се реализирани токму со поддршка од Фондацијата”, истакна вицепремиерот Димитров на средбата.
Во таа насока соговорниците дискутирале за можностите за надградување и унапредување на активностите и проектите, како и за нивно подобро таргетирање за поддршка на приоритетните реформските процеси.
Димитров на новиот претставник на Фондацијата во земјава, му посака успешна работа во претстојниот период за време на извршување на неговата функција во земјава.