Димитровски – Силвер: САД ја гледаат Северна Македонија како стабилен партнер во турбулентна геополитичка средина

Димитровски – Силвер: САД ја гледаат Северна Македонија како стабилен партнер во турбулентна геополитичка средина

пред 4 часа

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на маргините на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените при ООН во Њујорк оствари средба со Даниел Силвер, потпретседател на Американскиот еврејски комитет.

На средбата беше потврдена силната соработка меѓу Северна Македонија и Американскиот еврејски комитет, како и заедничката определба дијалогот и партнерството да продолжат со уште поголема динамика во период кога евроатлантската заедница се соочува со сериозни безбедносни и геополитички предизвици.

Соговорниците ја истакнаа важноста Северна Македонија да продолжи да делува како стабилен и предвидлив партнер на Соединетите Американски Држави, особено во услови на засилени глобални тензии и обиди за дестабилизација во регионот.

Димитровски ја нагласи посветеноста на нашата држава кон заштитата и развојот на Еврејската заедница во Северна Македонија, како и кон активната борба против сите форми на нетолеранција, шовинизам, говор на омраза и антисемитизам.

Во разговорот беше потврдена и важноста на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, при што беше истакнато дека нашата земја останува кредибилен сојузник во рамките на евроатлантската архитектура за безбедност.

Во однос на актуелните состојби на Блискиот Исток, соговорниците изразија сериозна загриженост од иранските напади врз суверени држави и заканите кон цивилното население во регионот, оценувајќи дека ваквите потези претставуваат грубо кршење на меѓународното право и дополнително ја зголемуваат нестабилноста во еден од најчувствителните региони во светот.

Текстот Димитровски – Силвер: САД ја гледаат Северна Македонија како стабилен партнер во турбулентна геополитичка средина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top