Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора.
Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.
А за тоа кој ноторни аналфабети се, говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктира бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Уште фрапира фактот, додаваат од владејачката партија, кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата.
„Да не ја заборави и домат дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров.
И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО“.
Текстот Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц со кој Заев имаше средба, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.






