ДОМ: Вистинската изборна реформа почнува со една изборна единица

ДОМ: Вистинската изборна реформа почнува со една изборна единица

пред 2 часа

Во јавноста повторно се отвора прашањето за можни измени на изборното законодавство и за различни идеи поврзани со функционирањето на Собранието. ДОМ смета дека ваквата дебата е добредојдена, но таа треба да се води со фокус на вистинските демократски реформи кои ќе го подобрат квалитетот на претставничката демократија.

Наместо дискусијата да се сведува само на бројот на пратеници, влеат од ДОМ, неопходно е во прв план да се постави прашањето за моделот на избор на пратениците и за еднаквоста на гласот на граѓаните.

„ДОМ подолг период се залага за воведување една изборна единица, како решение што ќе обезбеди секој глас да има иста тежина и ќе овозможи поправедно политичко претставување. Постојниот систем со повеќе изборни единици со години создава диспропорции во вредноста на гласот и ја ограничува вистинската политичка конкуренција“, велат од партијата.

Во таа насока, ДОМ повторно ги истакнува своите клучни предлози за изборни реформи: воведување една изборна единица на целата територија на државата, отворени листи, со што граѓаните ќе имаат поголемо влијание врз изборот на пратениците и правила што ќе обезбедат поголем демократски плурализам и фер политичка конкуренција.

„Вистинските реформи во изборниот систем треба да имаат за цел да ја зајакнат довербата на граѓаните во институциите и да обезбедат парламент што поавтентично ја одразува волјата на гласачите. ДОМ ги повикува политичките партии, експертската јавност и граѓанските организации да ја искористат оваа можност за сериозна и суштинска расправа за изборните реформи. На државата ѝ е потребен изборен систем што ќе обезбеди поголема правичност, транспарентност и вистинско претставување на граѓаните“, велат од партијата.

Текстот ДОМ: Вистинската изборна реформа почнува со една изборна единица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top