Дојдовме и до тоа Заев да работи за ВМРО, какво лудило, велат од СДСМ

Дојдовме и до тоа Заев да работи за ВМРО, какво лудило, велат од СДСМ

пред 2 часа

Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“.

Лудилото нема крај, велат од опозициската СДСМ.

„Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче.

Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан. Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како Шилегов и Депостовски.
Лажни анкети. Секојдневни напади и небулозни прес конференции. Совети за „реформи“.
Постојано, секој ден теми за дефокус, додека народот нема ниту за леб.
Сето ова за само 3 месеци.

Најблиските соработници на Мицкоски, македонскиот Мадуро -Ивона, Латас, Бетмен – кои деноноќно водат црни кампањи против СДСМ и Филипче, веќе не знаат што да измислат и излажат.

По сè, дојдовме до тоа и Заев да работи за ВМРО. Какво лудило“, истакнуваат од партијата на Филипче.

Анкетите, како што додаваат им удрија во глава на ВМРО-ДПМНЕ.

„Полудеа од рејтингот и популарноста.

А ние имаме „толку лош“ рејтинг што секој ден, по цел ден, се занимаваат со СДСМ“.

Текстот Дојдовме и до тоа Заев да работи за ВМРО, какво лудило, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top