Дрога и оружје пронајдени во стан во Охрид

пред 5 години

Во попладневните часови на 23 април, охридската полиција го упасила 57-годишниот Н.Т, жител на овој град.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со хашишово масло, пиштол марка „VZOR 50“ калибар 7,65 илиметри, неколку куршуми калибар 7,65 милиметри и една празна рамка за пиштолот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени пријави.

Share
Scroll to Top