ДУИ бара итна промена на правилникот за утврдување на цените на горивата

ДУИ бара итна промена на правилникот за утврдување на цените на горивата

пред 2 часа

ДУИ бара итна промена на правилникот за утврдување на цените на горивата и воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделно.

„Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено. Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните“, изјави Албана Мустафа.

Според неа, фактите се алармантни: неделна потрошувачка: околу 12 милиони литри дизел, разлика во цена: околу 9 денари по литар и вкупен дополнителен трошок: над 1,5 милиони евра за само една недела.

„Ова значи дека граѓаните и малите бизниси плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем. На крај, се поставува логичното прашање: Во чиј интерес работи Владата – на граѓаните или на неколку привилегирани компании?“, праша Мустафа.

Текстот ДУИ бара итна промена на правилникот за утврдување на цените на горивата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top