ДУИ: Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години

ДУИ: Деца албанци на културен настан во Челопек носеле униформи кои ја симболизираат историјата на албанскиот народ, министерот за образование се заканува со санкции

пред 4 недели

„Денес, Министерот за образование се заканува со санкции за едно училиште во Челопек, бидејќи децата албанци на културен настан носеле униформи кои ја симболизираат историјата и гордоста на албанскиот народ. Ова е продолжение на антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци, каде што секое изразување на албанскиот идентитет и историја се напаѓа и се третира како провокација“, велат од ДУИ.

„Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави, немаше никаква реакција. Тогаш, Демократската унија за интеграција не дозволи, како што нема да дозволи , ваквите активности да се злоупотребат за создавање меѓуетнички тензии или поделби во општеството. Во тоа време, сметавме дека е важно децата да не бидат вовлечени во политички и етнички конфликти.“, стои во соопштението на ДУИ.

„Но денес, оваа влада избра да ги напаѓа децата Албанци и нивниот идентитет, отворено демонстрирајќи дискриминација. Ако во минатото покажавме толеранција кон слични активности во духот на соживотот, тоа не ѝ дава право на оваа влада денес да ги казнува Албанците за исти или слични постапки.

Бараме Министерот за образование веднаш да се повлече од заканите против училиштето во Челопек и да престане со политизација на културните активности на децата. Секој обид за создавање поделби и дискриминација нема да биде толериран. Албанците не се граѓани од втор ред и нема да дозволат нивниот идентитет и национална гордост да бидат омаловажувани.

Демократската унија за интеграција секогаш ќе застане во одбрана на достоинството и правата на Албанците, докажувајќи дека нашиот идентитет не е провокација, туку заедничко богатство за целото наше општество“, посочуваат од ДУИ.

Текстот ДУИ: Деца албанци на културен настан во Челопек носеле униформи кои ја симболизираат историјата на албанскиот народ, министерот за образование се заканува со санкции е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top