Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

пред 2 години

Работиме со нашите европски партнери за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ескобар рече дека Северна Македонија е културно, историски и економски дел од Европа и заслужува место на масата на ЕУ. Во тој поглед, како што нагласи Ескобар, САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес.

Претходно, Ескобар се сретна и со претседателот Стево Пендаровски.

Share
Scroll to Top