Во полициската станица Струга, синоќа околу 2 часот по полноќ пријавен бил инцидент кој се случил пред Домот на културата во овој град.
Според пријавата, тројца стружани на возраст од 23, 44 и 50 години биле физички нападнати од повеќе лица, државјани на Србија.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.