За седум часа синоќа казнети 89 моторџии во Скопје

За седум часа синоќа казнети 89 моторџии во Скопје

пред 2 години

Во зајакната контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, синоќа полицијата во Скопје казнила 89 лица. Контролата ја направиле во периодот од 18 до 1 часот по полноќ

„Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, пет возеле со измината важност на сообраќајната дозвола“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

Текстот За седум часа синоќа казнети 89 моторџии во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top